More

    Мелони говореше за реизборот на Фон дер Лајен

    spot_img

    Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека сепак ќе може да соработува со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен и покрај тоа што нејзината партија Браќа на Италија гласаа против Фон дер Лајен да биде избрана за втор мандат на таа позиција.

    Мелони во интервју за „Кориере дела сера“ изјави дека досега соработувала со Фон дер Лајен и ќе продолжи да го прави и во иднина затоа што, како што изјавила, „имаат обврски и се свесни за нивната важност“.

    Мелони нагласи дека ја поддржува изјавата на Фон дер Лајен во нејзиното обраќање во Европскиот парламент за потребата од контрола на миграцијата.

    Таа рече дека ќе може да соработува со кој и да биде избран за претседател на САД на изборите во ноември.

    – За мене е важна силата на сојузот со САД – истакна Мелони, наведувајќи дека тоа не може да биде засегнато од промената во Белата куќа.

    Фон дер Лајен беше избрана во четвртокот во Европскиот парламент (ЕП) за нов петгодишен мандат за претседател на ЕК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img