По хаваријата на ИТ системите со која беа прекинати услугите на авиокомпаниите, банките и компаниите за финансиски услуги, ТВ и радио станиците и супермаркетите во светот, паднаа и акциите на двете компании одговорни за тоа.
Акциите на компанијата за сајбер безбедност „Краудстрајк“ (Crowdstrike) која презеде одговорност за хаваријата паднаа за дури 21%.
За 2,8% паднаа и акциите на „Мајкрософт“, откако производителот на софтверот Виндоус пријави прекин на сите свои онлајн услуги.
Другите компании за сајбер безбедност во моментов профитираат на берзата и нивните акции се тргуваа повисоко денеска.
Некои од значајните победници вклучуваат: SentinelOne, Palo Alto Networks, Fortinet и Cloudflare.