Европска централна банка (ЕЦБ) не ги пр0мени каматните стапки иако се очекуваше. Претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард изјави дека има високи ценовни притисоци кои влијаат на инфлацијата, а ги спомена и и потенцијалните царински ризици кои влијаат на извозот.
ЕЦБ ја задржа депозитната стапка на 3,75%, стапката на рефинансирање на 4,25%, а стапката на маргинално кредитирање на 4,50%.
Лагард рече дека е потребно време за да се уверат дека инфлација е цврсто под контрола пред повторно да ги намалат стапките.
Таа посочи дека се неопходни дополнителни податоци за да се потврди тековниот дезинфлациски тренд и да се зајакне довербата на ЕЦБ. Исто така предупреди дека домашните ценовни притисоци остануваат високи и дека односите меѓу платите, профитот и продуктивноста додаваат несигурност.
-Инфлацијата би можела да биде повисока од очекуваното доколку платите или профитот се зголемат повеќе од очекуваното – рече таа.
Лагард ги спомена климатските промени кои влијаат на цените на храната, а како притисок врз инфлацијата ги спомена и геополитички тензии како и можните повисоки царински стапки на САД, ако Доналд Трамп биде избран за претседател на САД.