Сè уште не е познато што го предизвикува дефектот на ИТ системите што ги погодува компаниите ширум светот, но постојат сомнежи во компанијата за сајбер безбедност „Краудстрајк“ (Crowdstrike), пишува Би-Би-Си.
Претходно денеска „Американ ерлајнс“ обвини за „технички проблем со „Краудстрајк“, а сега и швајцарската канцеларија за сајбер безбедност покажува со прст кон компанијата.
„Краудстрајк“ е компанија за сајбер безбедност основана во 2011 година, со цел да ги заштити најголемите светски компании и нивниот хардвер од сајбер закани и ранливости.Специјализирана е за заштита на безбедноста и се обидува да спречи злонамерен софтвер или датотеки да ги погодат корпоративните мрежи од уредите што се поврзани со нив, како што се телефоните и лаптопите.
Таа, исто така, има за цел да ги заштити податоците на компаниите кои се префрлија од нивна лична сајбер безбедност поставена на нивните сопствени сервери, на таканаречената „безбедност на облак“.
Фирмата, со седиште во Тексас, е основана од претприемачите Џорџ Курц, кој останува главен извршен директор, и Дмитриј Алперович.
Откако беше лансирана, компанијата навидум одигра клучна улога во помагањето на фирмите да ги истражат сајбер-нападите.