More

    Повеќе од 10 часа битка на екипите на ЕВН и МЕПСО, во тек е постапка за пуштање

    spot_img

    Делови од Скопје повеќе од 10 часа се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град. Снабдувањето со електрична енергија во оние делови од Скопје се очекува да се нормализира за околу еден час, велат од ЕВН Македонија за Плусинфо.

    Оттаму посочуваат дека во тек е постапка за пуштање под напон на корисниците кои немаат струја.

    – Екипите на Електродистрибуција и МЕПСО напорно работеа цела ноќ за да го поправат дефектот кој настана како резултат на вчерашното силно невреме кое го зафати Скопје. Во тек е постапка за пуштање под напон на корисниците кои се засегнати од прекинот, а снабдувањето се очекува да се нормализира за околу еден час – велат од ЕВН Македонија.

    Од ЕВН Македонија изразува голема благодарност до МЕПСО и ЕЛНОС Скопје за несебичниот ангажман и дадената поддршка во вакви кризни и итни состојби.

    Исто така од компанијата упатија благодарност и до корисниците за покажаното разбирање и трпение.

    По вчерашното краткотрајно невреме во Скопје, делови од градот повеќе од 10 часа останаа без струја.

    Според информациите објавени синоќа причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија биле два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.

    Краткотрајното невреме што синоќа зафати делови од главниот град предизвика повеќе штети – паднати дрвја, оштетени автомобили, кровови, поплавени домови….

    Video Player

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img