Кејт Мидлтон го посети Природонаучниот музеј во Лондон по повод отворањето на новите градини.
Принцезата од Велс објави неколку фотографии на Инстаграм и порача: „Многу ја поддржувам посветеноста на музејот за создавање посебен простор кој ги поттикнува луѓето од сите возрасти повторно да се поврзат со природата и да научат повеќе за тоа како можеме да ја заштитиме природата и светот“, напиша Кејт Мидлтон.
„Ја знам моќта на природата која ни носи радост и ни помага да останеме физички и психички здрави. Се надевам дека овие градини ќе им бидат инспирација на многу посетители“, додала Кејт.
Ова беше едно од ретките излегувања на принцезата од Велс, откако таа откри дека ѝ бил дијагностициран рак во јануари.
„Добро напредувам, но секој што поминува низ хемотерапија ќе знае дека има добри и лоши денови. Во тие лоши денови се чувствуваш слабо, изморено и мораш да му дозволиш на своето тело да се одмори“, рече принцезата пред еден месец.
„Но, во тие добри денови, кога ќе се чувствуваш посилно, сакаш најдобро да го искористиш тоа што се чувстваш добро. Моето лекување е во тек и ќе трае уште неколку месеци. Во деновите кога се чувствувам доволно добро, среќна сум што сум вклучена во училишниот живот, поминувам време во работи кои ми даваат енергија и позитивност, како и да почнам да работам малку од дома“, додала таа.
Пред неколку дена принцезата беше на финалето на Вимблдон во Ол Ингланд клубот. Кејт Мидлтон е голем љубител на тенисот, а самата е покровител на клубот за тенис Ол Ингланд. Но, откако и е дијагностициран рак, таа не ги извршува службените должности.