Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу штотуку му се закани на НАТО со остри зборови.
-„Секој транспорт на оружје и опрема на НАТО што ќе пристигне на територијата на Украина ќе се смета за легитимна цел“, рече Шојгу, пренесоа руските државни медиуми.
Тој го обвини НАТО и неговите сојузници дека продолжуваат да ја „пумпаат“ Украина со оружје.
Руското Министерство за надворешни работи воведе санкции за 63 јапонски државјани, меѓу кои и премиерот на земјата.
Фумио Кишида ја предводи листата на јапонски функционери на кои Русија им воведе санкции, а на неа се и министерот за надворешни работи Јошимаса Хајаши и министерот за одбрана Нобуо Киши.
Ним им беше забранет влез во Русија на неодредено време.
На некои европски и американски функционери, исто така, им е забранет влез во Русија, вклучувајќи ги Џо Бајден, Борис Џонсон и Лиз Трас.