More

    Трамп решил да го измени својот говор за претстојниот митинг

    spot_img

    Американците може да видат „поинаква верзија“ на Доналд Трамп додека тој го одржува своето прво обраќање во земјата откако вооружен маж се обиде да го убие, изјави неговата снаа Лара Трамп. Трамп треба да заземе централно место на републиканската национална конвенција во четврток вечер за да одржи говор и формално да ја прифати претседателската номинација на партијата.

    Лара Трамп изјави за американскиот партнер за Би-Би-Си дека на Трамп му влијаело неговото „искуство блиску до смртта“ и дека тоа ќе се одрази во неговото обраќање.

    На последниот ден од конвенцијата во Милвоки, Висконсин, поранешниот претседател исто така ќе ја сподели својата визија за „воведување ново златно доба за Америка“, велат од партијата.

    Трамп во неделата за весникот „Вашингтон Егзаминер“ изјави дека решил да го преработи својот говор во ударните термини по обидот за атентат, преминувајќи од напади врз политиката на претседателот Џо Бајден на порака за единство.

    – Сега ќе биде сосема поинаков говор. Ова е шанса да се собере целата земја, дури и целиот свет. Говорот ќе биде многу поинаков, многу поинаков отколку што би бил пред два дена – додаде тој.

    Трамп беше застрелан во десното уво минатата сабота, а подоцна носеше завој. На снимката од првата вечер од митинго во Милвоки, при неговото доаѓање тој е видно емоционален, само два дена по атентатот. Тоа може да се види на следното видео од 16 јули, кое наиде на многу коментари во САД:

     

     

    Вечерва, пак, некои од поддржувачите на Трамп денеска чекајќи го говорот во знак на солидарност носеа завои на ушите како што може да се види од фотографиите:

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img