More

    Интегративците тврдат дека тоа ќе ја пролонгира изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани

    spot_img

    Погрешна и штетна е одлуката на Владата со која се запира изградбата на тунел на Коридорот 8 на оската Гостивар – Букојчни, реагираше денеска Демократската унија за интеграција (ДУИ) и бара владата да ја преиспита.

    Владата вчера ги замрзна дополнителни 252 милиони евра за изградба на овој дел од патот, бидејќи, како што беше соопштено, е донесена во време на избори и без обезбедени пари во Буџетот за таа намена. дополнителниот износ на пари бил наменет за изградба на тунел на патот Гостивар – Букојчани од коридорот 8 кој го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“.

    „Сакаме да нагласиме дека одлуката што ја изгласа претходната Влада предвидуваше проектирање и изградба на тунел во должина од 5 километри на автопатот Гостивар-Букојчан, кој е дел од Коридорот 8.
    Ваквата одлука е донесена по завршувањето на сите геомеханички анализи и истражувања за избор на најдобрата варијанта за изградба на оваа патна оска, која е побрза и побезбедна за развој на сообраќајот, а воедно и поекономична за одржување. Со оваа одлука се решаваат проблемите при изградбата на овој дел од автопатот бидејќи во спротивно ќе има проблеми кои би го продолжиле времето и трошоците за изградба, проблеми кои се евидентни во реализацијата на проектите започнати во изминатиот период“, се наведува во реакцијата.

    ДУИ потенцираа дека изградбата на Коридорот 8 е од клучно значење за поврзувањето на земјава со соседните земји и за подобрување на патната инфраструктура што позитивно ќе влијае на трговијата и слободното движење на граѓаните и стоките.

    „Сметаме дека оваа одлука е чекор назад во нашите напори за подобрување на инфраструктурата и зајакнување на стратешката позиција на нашата земја во регионот. Оваа погрешна одлука треба веднаш да се преиспита заедно со стратешкиот партнер и да се преземат мерки за продолжување со реализацијата на овој важен проект“, се наведува во реакцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img