More

    Фон дер Лајен реизбрана за претседателка на Европската комисија

    spot_img

    Европскиот парламент попладнево со тајно гласање ја реизбра Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија.

    „За“ реизборот на Фон дер Лајен гласаа 401 европратеници, 284 беа „против“, а 15 се „воздржаа“ од гласање. Вкупно гласаа 707 европратеници, а при што 7 гласови беа прогласени за неважечки.

    Фон дер Лајен, која доаѓа од редовите на Христијанско демократската унија на Германија (ЦДУ), членка на десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП), за претседателка на Еврокомисијата беше номинирана од страна на шефовите на држави или влади на земјите членките на ЕУ на нивниот Самит одржан на 27 јуни во Брисел.

    Номинацијата на Фон дер Лајен беше врз основа на договорот меѓу ЕПП, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) за распределба на водечките функции во ЕУ.

    Пред гласањето групата Левица достави предлог за одложување на изборот за во септември додека не се расчисти случајот со одлуката на Општиот суд при Европскиот суд на правдата, кој вчера оцени дека Европската комисија не ѝ обезбедила на јавноста доволен пристап до информации за зделките за набавки на вакцини против Ковид-19 направени со фармацевтски компании за време на корона пандемијата.

    Предлогот беше одбиен со 531 глас, 101 европратеник гласаа „за“, а осуммина беа „воздржани“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img