Нови 7 Непалци избегаа, го следат примерот на нивните сонародници

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Иако нивното пристигнување во земјава беше најавено како замена на работниците кои му недостигаат на бизнисот, сепак Непалците масовно бегаат од Македонија. Во полиција е пријавено исчезнување на 7 државјани на оваа земја во само еден ден.

Компаниите кои ги ангажираат сѐ почесто пријавуваат дека работниците од Непал многу кратко време откако ќе пристигнат во земјава им се губи трага, поточно го напуштаат местото каде што се сместени.

Во полициската станица во Берово пред два дена Д.В.(44), раководител на правен субјект од Пехчево, пријавил дека нивен 38-годишен вработен од Непал, со привремен престој во Пехчево, се оддалечил од местото каде што престојувал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Истиот дена полициската станица Свети Николе, В.М.(34) од Свети Николе, управител на приватна фирма од Свети Николе пријавил дека петмина негови вработени – лица од Непал, со привремен престој во Свети Николе, на возраст од 27 до 38 години, го напуштиле местото каде што престојувале.

Во Полициската станица Бит Пазар, С.Л.Х.(41) од Скопје, претставник на правно лице, пријавил дека од местото каде престојувал се оддалечил О.Б.(34) од Непал.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Како што претходно истакнавме ова не е прв работник од Непал кој ја напуштил работата и живеалиштето обезбедено во Македонија.

Share This Article