More

    Словенечки хеликоптер ги евакуираше лицата кои беа обиколени од огнот

    spot_img

    Градоначалникот на Ново Село, пожарникари и цивили кои беа заробени од пожарот на планината Огражден и кои преку драматично обраќање преку Фејсбук побараа помош, пред малку се евкуирани со словенечки хеликоптер.

    Веста ја споделија струмичките пожарникари со видео на кое се гледа како се упатуваат кон хеликоптерот.

    Неколкуте пожарникари од ТППЕ Струмица, заедно со градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов и цивили беа заробени од огнената стихија над селото Бадилен во радиус од 500 метри.

    Претходно во драматичното обраќање на фејсбук градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов кој заедно со тим на пожарникари од ТППЕ Струмица и неколку цивили побара помош да бидат евакуирани од местото на пажарот над селото Бадилен каде од сите страни се заробени од огнената стихија.

    – Од сите страни околу нас гори и очекуваме двата хеликоптери кои го гаснат пожарот да изгаснат еден негов дел за да можеме да се евакуираме или да дојдат по нас да не земат, бидејќи сите копнени врски се прекинати – изјави Божинов.

    Како што изјави Божинов тие се опколени од огнот во радиус од 500 метри и очекуваат што обргу да бидат извлечени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img