Во Игало, едно од омилените одморалишта на црногорското приморје, снимено е видео кое предизвикува морници и страв кај луѓето.
На Инстаграм се шири снимка од огромната змија која во овие пеколни денови се разладува во јавна фонтана во Игало.
Оваа објава доби голем број коментари, некои останаа изненадени од глетката, додека други се шегуваа на сметка на змијата.
„Дури и питонот треба да се разлади“, „Еден ден ќе бидеш добра порција за питон“, „Убава, таа сака да пие вода“, „Еве ја мојата бивша, не знаев дека е во Игало “, „Исто како и свекрва ми“, „Морничаво дури и на видео“. Ова се само дел од бројните коментари на објавата на Подгорички времеплов.