More

    Џафери потпишал заклучок без обезбедени пари во државниот буџет

    spot_img

    Владата на вчерашната седница одлучи да го укине заклучокот на техничка влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на делницата Гостивар-Букојчани од Коридорот 8 од дополнителни 252,7 милиони евра бидејќи тие средства не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи, информираат денеска од владината прес-служба.

    Од Владата најавуваат дека за овој заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство.

    „Овој заклучок бил усвоен на 13 јуни оваа година, повеќе од еден месец по изборите и на неколку дена пред донесување на одлуката за избор на нова Влада, како и економската неисплатливост за реализација на истиот“, се вели во соопштението.

    Патот Гостивар – Букојчани е дел од проектот за изградба на автопатси делници од коридорите 8 и 10д кој треба да ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“. Проектот опфаќа изградба на четири автопатски делници во должина од 110 километри. Изградбата ќе чини 1,3 милијарди евра и треба да трае 5 години. Станува збор за автопатски делници: Требеништа-Струга-Ќафасан (22 километри), Гостивар-Букојчани (30 километри), Тетово-Гостивар (17 километри) и Прилеп-Битола (40 километри).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img