More

    Бајден откри под кој услов би се повлекол од претседателската трка

    spot_img

    Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека ќе се повлече од претседателската трка доколку лекарите откријат дека има здравствени проблеми, пренесува Фокс њус.

    – Ако имам некоја медицинска состојба, ако лекарите дојдат и ми речат „го имате овој проблем… Но, направив сериозна грешка во целата дебата и, погледнете, кога првично се кандидирав, можеби се сеќавате на тоа, реков дека ќе бидам преоден кандидат. Мислев дека ќе можам да се оттргнам од ова, да му го префрлам на некој друг, но не очекував дека работите ќе станат толку, толку, толку поделени – рече Бајден.

    Шефот на Белата куќа смета дека единственото нешто што доаѓа со годините е мудроста. Претходно изјави дека неговата здравствена состојба не бара дополнителни проверки, но дека е подготвен за нив доколку тоа го побараат лекарите.

    Има сѐ повеќе повици меѓу демократите да номинираат друг кандидат за замена на Бајден по неуспехот на неговата дебата со Трамп. Теоретски, партијата ќе има таква можност на конгресот во август, но во пракса ќе биде тешко да се отстрани американскиот претседател од трката доколку тој самиот не одбие да учествува. Истовремено, дел од политичарите велат дека има намера да остане во трката и да оди до крај, стои во написите на медиумите во регионот.

    Втората дебата Бајден-Трамп е закажана за 10 септември.

    Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img