Сопругата на Канје Вест излезе на улица со проѕирна блуза и голи гради

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бјанка Ценсори, сопругата на раперот и дизајнер Канје Вест, повторно ја изненади јавноста со својот стајлинг. Таа прошета низ Лос Анџелес во проѕирна маица со долги ракави без градник под неа.

Австралиската архитектка ги шокираше присутните додека целосно ги изложила градите во сосема проѕирна мрежеста маичка на пат кон салонот на компанијата „Мелрозе тејнинг“, пишува „Дејли мејл“.

Оваа 29-годишна архитеткта беше фотографирана од папараците кога излегувала од салонот за убавина, овој пат без сопругот Канје, со кој најчесто се појавува во јавноста.

Под потполно проѕирната маичка јасно се гледале нејзините брадавици, а аутфитот го комплетирала со шорцеви кои повеќе личат на гаќички во боја на кожа и со чевли со ниска потпетица. На главата носела маскирна капа, која ја носеше и кога неодамна се појави на улиците на Лос Анџелес во сребрен минијатурен градник кој ѝ ги покриваше само брадавиците.

Странските медиуми наведуваат дека Бјанка би можела да биде казнета во Калифорнија поради вакво облекување.

Членот 314(1) на Кривичниот законик на Калифорнија го прави кривично дело намерното изложување на гениталиите или голото тело на јавно место или на кое било друго место каде што некој би можел да биде навреден или изнервиран.

Ако на Бјанка ѝ се изрече максималната казна за нејзината речиси гола облека, таа би можела да се соочи со шест месеци затвор во округот, парична казна до 1.000 долари и задолжителна регистрација како сексуален престапник на најмалку 10 години.

Угостителите не дозволуваат оскудна облека во нивните ресторани. Потсетуваме дека поради оскудната облека на Бјанка, рестораните одлучија да им забранат на Канје Вест и на Бјанка да влегуваат во нивните ресторани.

„Ако јас сум сопственик на кој било објект во кој има намера да влезе оваа двојка, ќе им кажам, од почит кон моите гости, дека не им е дозволено влегување“, рекол еден угостител, а со него се согласиле и многу други.

- Advertisement -
Ad image

Фотографиите од „голата“ Бјанка Ценсори можете да ги погледнете ТУКА.

Share This Article