More

    Војник повреден во напад со нож на железничка станица во Париз

    spot_img

    Војник е ранет во понеделникот во напад со нож на железничка станица во северниот дел на Париз. Неговиот живот не е во опасност, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, додавајќи дека наводниот напаѓач е веќе уапсен. Во меѓувреме, обвинителството покрена истрага за обид за убиство, а осомничениот е испратен на лекување во психијатриска установа.

    Нападот врз војникот наводно го извршил 40-годишен маж кој е роден во Демократска Република Конго, а француско државјанство добил во 2006 година. Во моментот на нападот, човекот рекол дека е христијанин и извикал „Господ е голем“. Како што изјавил и осомничениот, го нападнал војникот затоа што „војската во неговата земја убива луѓе“, објаснил полициски извор.

    Во понеделникот, францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну, меѓу другите, го осуди нападот со нож. Тој додаде дека војникот бил дел од специјалната операција за заштита на чувствителните локации во Париз по нападот во 2015 година на сатиричниот неделник Шарли Ебдо.

    Осомничениот е познат на француските органи за спроведување на законот, бидејќи со нож избоде 22-годишен маж во Париз во 2018 година. Тогаш судот одлучи дека тој не одговара за своите постапки поради неговата здравствена состојба и го испрати на лекување во психијатриска установа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img