Средба на министерот Муртезани со преставници на Европската инвестициона банка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денес Министерот за европски прашања Орхан Муртезани имаше средба со претставниците на Европската инвестициона банка –  Бјорн Габриел, преставник на ЕИБ во Скопје и Алесандро де Кончини, виш службеник за заеми за Северна Македонија при ЕИБ, на која се дискутираше за можностите за зајакнување на соработката.

 Муртезани на соговорниците им посочи дека физичкото присуство на ЕИБ во земјата и на терен за сите операции на ЕИБ навистина го олеснува спроведувањето на проектите/програмите. Тој се заблагодари за посветеноста на ЕИБ кон земјата низ годините и за поддршката во спроведувањето на тековните проекти, како и за подготвителните активности за идната соработка.

 Министерот ги информираше соговорниците за индикативната листа на проекти која е направена врз основа на Единствената листа на проекти, истакнувајќи дека индикативната листа го содржи истиот тип на проекти за кои ЕИБ е заинтересирана да инвестира во Северна Македонија, како што се складирање на енергија и централно греење во енергетскиот сектор, инфраструктура во дигитализацијата, инфраструктура на училишта и здравствени институции.  

 ЕИБ придонесува за Европската развојна и кооперативна политика во согласност со условите и правилата поставени во различните договори кои ја поврзуваат Европската Унија со околу 130 земји.

Share This Article