Македонската поп пејачка Елена Ристеска го загуби татка си пред осум години, во 2016 година, па секогаш со посебни емоции се присетува на него.
Елена денеска на својот профил на Инстаграм објави семејни, емотивни фотографии, на денот на роденденот на нејзиниот татко.
По тој повод пејачката, која е и текстописец, му ја посвети песната „Ех, да можам да го вратам времето“, која таа ја напиша за својот колега и пријател Ламбе Алабаковски.
„Осми роденден без тебе тато.
Кога ја пишував песнава, како да ја пишував за тебе:
Ех, да можам да го вратам времето,
ех, да можам да те вратам со него.
Тогаш сѐ би било знај совршено,
Јас и ти би биле среќни заедно.“, напиша Елена покрај фотографиите.
ФОТО: Инстаграм/Елена Ристеска