Вулин по обидот за атентат врз Трамп: Вучиќ нека се подготви

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
06, October, 2022, Belgrade - A meeting of officials from Serbia, Austria and Hungary on the management of migration processes was held in the Palace of Serbia. Aleksandar Vulin. Photo: Milos Tesic/ATAImages 06, oktobar, 2022, Beograd - U Palati Srbija odrzan je sastanak zvanicnika Srbije, Austrije i Madjarske o upravljanju procesima migracija. Photo: Milos Tesic/ATAImages Photo: Milos Tesic/ATAImages/PIXSELL
- Advertisement -
Ad image

Српскиот вицепремиер Александар Вулин ги повика властите да ги зголемат безбедносните мерки за претседателот Александар Вучиќ и неговото семејство по обидот за атентат врз Доналд Трамп.

„Со медиумски притисок се обидуваат да ги натераат да се откажат од државната заштита и да бидат уште полесни мети“, рече Вулин, мислејќи на Вучиќ и неговото семејство.

Тој потсети дека во последните неколку месеци се случи и обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо и смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во авионска несреќа. Вулин смета дека не случајно се работи за луѓе кои се залагале „за поинаков свет и мир во Украина“, пренесува Нова.рс.

„Нека се подготви Вучиќ и секој кој има храброст да се бори за слобода. Обидот за убиство на поранешниот претседател Трамп е израз на дозволена и поттикната омраза, истата омраза што се поттикнува и слободно се изразува кон Вучиќ и Србија“, предупреди тој.

Дачиќ: Нешто слично се спроведува и во Србија
Вулин не беше единствениот претставник на српските власти што го спореди Вучиќ со Трамп. Вицепремиерот и министер за полиција Ивица Дачиќ изјави дека обидот за атентат врз Трамп е „тажен и трагичен доказ за последиците од кампањата на омраза, закани и дехуманизација на еден човек“.

„Нешто слично се спроведува и во Србија, преку напади врз претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и неговото семејство“, додаде тој.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, апелираше до „елитата во Србија и нивните независни медиуми“, за кои тврди дека се сè само не независни, да разберат „кои можат да бидат вистинските последици од омразата што секојдневно ја промовираат“.

Share This Article