Итната медицинска помош бележи интервенции за 10 до 15 колапси дневно, како и интервенции за зголемен број на сообраќајни незгоди.
– Викендов, имаме интервенирано на 10 сообраќајки, од нив седум, во петокот. Колапси на јавни места – работно место, автобуска станица, автобуси и така натаму, паднати по скали, се вкупно 15 интервенции, од кои повеќето се во работен ден, поточно во петокот имавме вкупно осум интервенции – вели во изјава за МИА доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во Итната медицинска помош во Скопје.
Од петокот до изутринава до седум часот имале вкупно 152 интервенции.
– Од нив, 52 од прв степен на итност, 80 од втор степен на итност. Само за вчерашниот ден, за 24 часа, бележиме вкупно 77 интервенции, од прв степен на итност 23, а 42 од втор степен на итност – посочува доктор Реџепи.