Рано утрово во ноќен клуб лоциран на булеварот Железничка во Охрид, се случила тепачка.
Полицијата соопшти дека во 2.50 часот во ноќниот клуб избила тепачка меѓу М.Г.(36), Ф.З.(25) од една и Д.Л.(22), од друга страна, сите од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.