More

    Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност

    spot_img

    Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Претежно во северните делови ќе има услови за краткотрајна изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 27 степени.

    Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 26 степени.

    Следува период на посончево време со повремено зголемена попладневна облачност проследена со услови за изолирана нестабилност, краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе се одржува потопло со температури кои од утре на повеќе места ќе надминуваат 25 степени.

    Денеска е недела, 24 април 2022 година, 110-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 255 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 41 минута, а ќе зајде во 19 часот и 23 минути.

    Денов трае 13 часа и 42 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 2 чсот и 52 минути, а ќе зајде во 12 часот и 23 минути.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img