Кремљ ги отфрли информациите дека Русија планирала да го убие директорот на голема германска компанија за оружје, што наводно било спречено од САД и Германија.
Оценувајќи дека овие тврдења не се засноваат на никакви сериозни аргументи, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на новинарите им рече дека „сето ова е претставено во стилот на „лажни вести“ и не можеме да го сфатиме сериозно.
Си-Ен-Ен вчера објави дека американската разузнавачка служба годинава открила дека руската држава планирала да го убие Армин Пејпергер, извршен директор на моќната германска компанија Рајнметал, која произведува артилериски гранати и воени возила за Украина.
Повикувајќи се на пет американски и западни функционери запознаени со случајот, се вели дека тоа е еден од серијата руски планови за убивање на претставници на воената индустрија ширум Европа кои ја поддржувале одбраната на Украина од руските напади.