More

    Во земјава во мај годинава се евидентирани 106.604 туристи, од кои 25,5 % биле домашни, а 74,5 % се странски

    spot_img

    Во земјава во мај годинава се евидентирани 106.604 туристи, од кои 25,5 % биле домашни, а 74,5 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

    Бројот на ноќевањата во мај изнесувал 200.439, од кои 29,4 % се од домашните туристи, а 70,6 % од странските.

    Во периодот јануари – мај 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12,0 %, и тоа: кај домашните туристи за 2,6 %, а кај странските за 16,6 %.

    Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 10,2 %, и тоа: кај домашните туристи за 8,8 %, а кај странските за 11,0 %.

    Една третина од туристите или 23. 919 се од Турција, а близу 6.000 туристи дошле од Србија и повеќе од 5.000 од Германија. Над 2.000 туристи имало и од Грција, Бугарија, Словенија, Полска Холандија и од САД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img