More

    Белгија забранува изложување на тутунски производи во продавниците

    spot_img

    Во Белгија, од 1 април 2025 година, цигарите, класичните и електронските, како и додатоците за правење цигари веќе нема да смеат да бидат видливо изложени во продавниците, а сопствениците кои ќе ја прекршат оваа одредба ќе се соочат со високи казни.

    За прекршување на забраната е предвидена парична казна од 2.000 до 800.000 евра, а можна е и затворска казна до една година, пренесе агенцијата Белга.

    Според Федералната служба за јавно здравје, одлуката се однесува на цигари, пури, електронски цигари, како и филтри и хартии за тркалање цигари. Намерата на Владата е да го направи пушењето помалку привлечно, особено за младите.

    Исто така, пушењето ќе биде забрането на уште повеќе места од 2025 година, како дел од владината кампања за негово искоренување.

    VapBel, белгиската федерација на трговци на мало на електронски цигари, или таканаречените вап цигари, го изрази своето разочарување од одлуката на владата.

    Од VapBel изјавија дека специјализираните продавници имаат своја улога, бидејќи тие ефикасно ја проверуваат возраста на клиентите и ги информираат возрасните пушачи за производите од вап, како средство кое помага во откажувањето од пушењето.

    Таа федерација ги повика властите да направат исклучок кога станува збор за специјализирани продавници за електронски цигари, а тоа го препорача и научното, советодавно тело на Високиот здравствен совет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img