More

    Николоски ќе прави што ќе прави, ама автопатот ќе биде готов во 2026 година

    spot_img

    Министерот за транспорт Александар Николоски денеска најави откочување на работата на автопатот Кичево-Охрид и негово завршување до крајот на 2026 година.

    – Во однос на изградбата на автопатот Охрид – Кичево има бројни проблеми. Ние ги детектираме во моментов. Дел се поврзани со експропријација, дел се поврзани со проектирање на косини, дел се поврзани со објекти коишто се на самата траса, пред се бензински пумпи коишто треба да се дислоцираат, а се на самата траса. Она што можам да кажам е дека како ќе правиме, ќе правиме, но ветувањето што го дадовме дека до крајот на 2026 година ќе има функционален автопат, ќе го реализираме – рече Николоски.

    Според деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски, она што се случува со автопатот Охрид-Кичево покажува дека проектирањето на сериозни инфраструктурни проекти особено линиски инфраструктурни проекти заслужува многу поголемо внимание и подолг период на проектирање.

    – Таму има многу елементи што се специфични од различни аспекти, меѓутоа генерален заклучок што може да се извлече е дека проектирањето е многу важна фаза во целокупната изградба на вакви капитални инвестиции. Проектот има долга историја. Работен е во едно друго време. Почнат е да се проектира во минатиот милениум, во 1999 година, со некои други сфаќања и други правила во решавање на одредени технички проблеми. Кога денес би се проектирал овој автопат сигурно би се пристапило поинаку и би се нашле поинакви решенија за одредени проблеми кои сега се јавуваат – рече Марковски.

    Автопатот Кичево – Охрид се гради повеќе од 10 години. Го почна владата на Никола Груевски, го продолжија владите на Зоран Заев и на Димитар Ковачевски. Со него се позанимава и техничката влада, а сега новата влада на Христијан Мицкоски ветува дека ќе го  заврши.

    Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколку анекси на Договорот и продолжувања на роковите неговата цена достигна 598 милиони евра.

    Кинеската компанија „Синохидро“, според последниот закон со кој се продолжи рокот за изградба на автопатот, има рок до крајот на 2026 година да санира 13 свлечишта кои се појавиле на трасата која се гради од 2014 година и да довршат 16% од кои се однесуваат на  работните на објектите, тунелите и ископот на земјениот материјал.

    Претходниот министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  пред пратениците рече дека контролата на извршените работи покажала прогрес на работите е 83,84% со тоа што  објектите се реализирани со 88%, тунелите со 93%, а ископот на земјениот материјал со 83%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img