Ананасот дефинитивно може да го вброиме меѓу егзотичното овошје со сладок и ароматичен вкус и привлечен изглед. Но, освен вкусот, има нешто поважно што го прави ова овошје фантастична храна која треба да ја консумираме што почесто. Имено, ананасот содржи вистинска експлозија на витамини, ензими и минерали кои помагаат во ревитализација и подмладување на секоја клетка од нашето тело.
Здравствени придобивки од сокот од ананас
Во каква комбинација и да го јадете, сам или како додаток на разни салати, нема да погрешите, а во неговата егзотика би можеле да уживате со пиење фин сок што самите сте го направиле. Постојат многу причини зошто оваа богата жолта течност може да го подобри нашето целокупно здравје, а во продолжение ви претставуваме неколку од нив, пренесува Zapodjena.rs.
1. Го подобрува варењето
Ананасот содржи група дигестивни ензими наречени бромелаин, кои успешно делуваат на проблемите со тешко варење и запек. Ензимите на бромелаин ги разградуваат протеините во градежни блокови, вклучувајќи ги и амино киселините. Ова овозможува правилно варење и апсорпција на протеините.
2. Ги зајакнува коските
Ананасот е одличен извор на манган, минерал важен за нашите коски и зглобови. Истражувањата покажаа дека овој минерал го намалува губењето на коскената маса кај луѓето со остеопороза и дека ја намалува болката од остеоартритис. Само една чаша од неговиот сок содржи повеќе од 73 проценти од нашите дневни потреби за манган.
3. Го штити срцето
Друга моќ скриена во ананасот се антиоксидансите кои можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања. Антиоксидансите се борат против оксидативниот стрес со неутрализирање на слободните радикали. Без антиоксиданси, овие радикали предизвикуваат оштетување на клетките и органите и го ослабуваат имунолошкиот систем. Покрај тоа, ананасот е богат со витамин Ц, флавоноиди и фенолни киселини, а студиите откриле дека веќе споменатиот бромелаин е ефикасен и за кардиоваскуларни болести.
4. Промовира губење на тежината
Идеален десерт кој ви помага да изгубите тежина, звучи добро, нели? Да, сето тоа е ананас. Студија на животни покажа дека сокот од ананас може да го намали формирањето на маснотии и да го зголеми разградувањето. Сепак, потребни се повеќе човечки студии за да се потврдат овие резултати.
5. Го намалува ризикот од висок крвен притисок
Сокот од ананас е богат со калиум и малку натриум, што го прави корисен за луѓето со висок крвен притисок. Колку повеќе калиум јадете, толку повеќе натриум губите во урината. Калиумот, исто така, ја ублажува напнатоста во поставата на ѕидовите на крвните садови, што дополнително помага во намалување на нивото на крвниот притисок.
6. Ги ублажува симптомите на артритис
Бромелаинот, кој содржи силни антиинфламаторни својства, може да ги олесни воспалителните процеси кај луѓето со артритис, заклучија истражувачите во оваа студија.
7. Може да го зголеми нивото на серотонин
Ананасот ни дава добра причина за насмевка, а зад тоа е одличен извор на триптофан, кој се претвора во серотонин во цревата и мозокот. Серотонинот, хормонот на среќата, игра значајна улога во регулирањето на расположението и сознанието. Ниското ниво на серотонин е поврзано со проблеми со меморијата, па дури и со депресија.
8. Побрзо зараснување на раните
Истражувањето спроведено на луѓе и животни откри дека локалната примена на бромелаин може да биде корисна во лекувањето на изгореници на кожата, додека други студии сугерираат дека бромелаинот може да биде терапевтски за повреди на меките ткива, особено за болки во мускулите после вежбање и модринки, пишува Живим.хр.
Ова идеално летно задоволство ќе ви помогне и со:
симптоми на астма
здравјето на кожата
ќе го намали ризикот од развој на макуларна дегенерација
ќе го намали воспалението
ќе го зајакне имунолошкиот систем
го намалуваат ризикот од малигни заболувања
Нутрициона вредност
Во 100 грама тропска рапсодија ќе најдете само 13 грама јаглени хидрати, 0,1 грам масти, 0,5 g протеини, 1 mg натриум, 109 g калиум, 47,8 mg витамин Ц, 0,3 mg железо, 12 mg магнезиум и 13 mg калциум.
Направете свој сок од ананас
Парчињата ананас ставете ги во блендер и направете го вашиот совршен летен сок.