More

    Почина жената на која ѝ беше пресаден свински бубрег

    spot_img

    Лиза Писано, првата личност која добила механичка срцева пумпа и генетски преуреден свински бубрег, почина во неделата, соопшти Ен-вај-ју Лангон Хелт каде што била оперирана.

    Нејзиниот бубрег бил трансплантиран на 12 април, но откажал поради ограничениот проток на крв и бил отстранет на 29 мај. Таа не беше првата личност на која и беше извршена трансплантација на свински орган, но беше првата со механичка пумпа за срце на која и беше трансплантиран свински орган.

    – Таа беше храбра и беше алтруист. Придонесот на Лиза во медицината и хирургијата е непроценлив. Лиза нè донесе поблиску до иднината во која некој не мора да умре за да преживее некој друг – рече во вторникот д-р Роберт Монтгомери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img