More

    Расте бројот на загинати по лизгањето на земјиштето во илегалниот рудник во Индонезија

    spot_img

    Бројот на жртвите од лизгање на земјиштето предизвикано од обилните врнежи минатиот викенд во илегален рудник за злато на индонезискиот остров Сулавеси се искачи на 17, јавува германската новинска агенција dpa. Десетици лица се уште се водат како исчезнати, соопшти денеска претставник на службата за пребарување и спасување.

    Претставник на агенцијата за пребарување и спасување на островот Сулавеси потврди дека 17 лица загинале, 52 се спасени, а 45 се уште се водат како исчезнати.

    Потрагата по исчезнатите беше привремено прекината во понеделникот вечерта поради обилните врнежи од дожд, но потрагата продолжи. Главна пречка за спасувачите и натаму се временските услови и тешкиот терен.

    Свлечиште предизвикано од обилни дождови предизвикано во саботата вечерта во зафрлено село во округот Бон Боланго, провинцијата Горонтало, каде што десетици рудари работеа во мал рудник за злато без одобрение и без соодветни безбедносни мерки.

    Ваквите напуштени рудници во Индонезија често ги привлекуваат локалните жители кои без соодветна безбедносна опрема бараат остатоци од златна руда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img