More

    Европската енергетска зедница ни забележува на струјата од јаглен

    spot_img

    Ако енергетскиот сектор на Македонија се натпреваруваше во Европа, би ја поминал групата, но би изгубил во четвртфиналето. Вака, со фудбалски речник, ја опиша состојбата директорот на Секретаријатот на Европската енергетска заедница Артур Лорковски ја опиша состојбата во земјава пред пратениците на кои им го презентира извештајот на ЕЕЗ.

    Според него, Србија, Црна Гора, па дури и Украина лани биле подобри од нас.

    – Во просек сте во однос на имплементацијата на законодавството на Енергетската заедница или кога станува збор за успешноста, вие сте на 53%, горе-долу во средина на скалата за мерење – рече тој.

    Лорковски го критикува производството на струја од јаглен, но и ги пофали направените законски измени во енергетиката.

    -Цената на електричната енергија, цената на производството, на тоа ќе треба да се додаде цената на ЦО2, цената за јаглерод диоксид, која денеска е околу 80 евра. Со ова нема да ви биде исплатливо да извезувате струја во Европската унија (струја произведена од јаглен) – рече Лорковски.

    Тој додаде дека е потребна поголема регионална соработка во енергетиката за да се избегнат состојба како што се случи пред извесно време кога поради проблем дел од земјите во соседството останаа со часови без електрична енергија.

    Пратениците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ уверуваат дека енергетиката ќе биде приоритет за развој на економијата во земјава.

    – Откако е конструиран овој мандат, во сите закони коишто се усвоени, доминираат законите за енергетика, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба за правење на енергетскиот сектор стратешки сектор во функционирање на нашата држава, така што покрај создавање на ново министерство за енергетика, се усвои и нов закон за кој треба да ги поздравам сите пратеници за кој се успеа да се спречи ценовен шок на електричната енергија – рече Бојан Стојановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

    Извештајот на Енергетската заедница се однесува на 2023 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img