Две суперќелиски бури се развија над Словенија во попладневните часови, а суперќелијата што ја зафати централна Словенија донесе силен град, налети на ветер и врнежи.
Словенечките медиуми објавија дека во некои делови на Словенија невремето го отежнало сообраќајот и ја намалило видливоста.
Од сообраќајниот информативен центар предупредуваат дека на коловозите може да има повеќе вода.
На возачите им се препорачува да возат внимателно и да не застануваат под надвозници или во тунели, јавува Анадолија.
Според прогнозите на Агенцијата за животна средина на Република Словенија, сè уште ќе има врнежи од дожд или невреме, особено во северниот дел на земјата. На север и на северозапад можна е појава на невреме во вечерните и во ноќните часови.