Владата на Република Северна Македонија на денешната трета седница донела одлука за именување нови кадри и разрешување од должност на национални координатори

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата на Република Северна Македонија на денешната трета седница донела одлука за именување нови кадри и разрешување од должност на национални координатори.

Во однос на нови именувања во државните институции, соопшти владината прес-служба, на седницата е донесена одлука за назначување на Васе Анакиев ва вршител на должноста директор на Државниот инспекторатот за земјоделство.

Весела Честоева, се именува за вршител на должноста директор на Управата за заштита на културното наследство.

Иван Живковски се именува за в.д. директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Данијел Апостолоски се избира за управител на Друштво за изградба, управување и издавање на повеќенаменска Сала Борис Трајковски ДООЕЛ Скопје.

Владата го именува Амет Зибери за в.д. заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, а Даут Мемеши за в.д. директор на Бирото за регионален развој.

Рефик Џемаили се именува за в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, додека Александар Донев се именува за в.д. директор на Управа за сигурност во железничкиот систем.

Диме Ратајкоски, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Истанбул, Република Турција.

Мими Ѓоргоска Илиевска, пак на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Загреб, Република Хрватска.

- Advertisement -
Ad image

На предлог на министерот за култура, како што се наведува во соопштението, Васко Шутаров, се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Белград, Република Србија.

Владата ги разреши националните координатори Владимир Пивоваров од должноста в.д. координатор на Националниот координативен центар за гранично управување, Неби Бејадин се разрешува од должноста в.д. заменик координатор на Националниот координативен центар за гранично управување, а Борче Мирчески се разрешува од должноста в.д. Национален координатор за медијација.

На владината седница Фатмир Ејупи е разрешен од должноста Национален координатор за социјална заштита и процес на деинституционализација, Бедри Бехадини се разрешува од должноста Национален координатор за информатика и енергетика, Фатон Асани се разрешува од должноста Национален координатор за соработка со дијаспора, додека Рамадан Рамадани се разрешува од должноста Национален координатор за кохезија.

- Advertisement -
Ad image

Во соопштението се додава дека Владимир Симоновски се разрешува од должноста Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија, Златко Апостолоски се разрешува од должноста Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Џеладин Тефик Ајвази се разрешува од должноста заменик национален координатор за спречување на насилен екстремизам, а Златко Арсов се разрешува од должноста заменик национален координатор за борба против тероризам.

Роберт Алаѓозовски денеска е разрешен од должноста Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Магбуле Амети се разрешува од должноста Национален координатор за здравство, Маја Мосјова Мијовска, на предлог на министерот за здравство се разрешува од должноста Национален координатор за трансплантација, а Билјана Андоновска се разрешува од должноста заменик на националниот координатор за трансплантација.

На седницата на Влада била донесена одлука со која се направила пренамена во програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година со која се обезбедуваат преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство 600 милиони денари за дополнителни директни плаќања за земјоделците за растително и сточарско производство кои до сега биле неисплатени.

Донесена е и одлука со која Министерството за транспорт и врски согласно програмата за капитални инвестиции става на располагање 6 милиони денари на општината Ѓорче Петров за изградба и реконструкција на патна инфраструктура.

Share This Article