Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку има средба со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис на претстојниот Самит на НАТО во Вашингтон, се надева дека ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи.
– Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и како добри соседи, доколку дојде до таков разговор. Ако не дојде, се надевам дека набргу ќе дојде – истакна Мицкоски во врска со престојниот Самит на НАТО во Вашингтон и со изјавата на Мицотакис дека очекува од новиот премиер да го користи уставното име на земјата и за внатрешна и за надворешна употреба и дека конкретното прашање ќе го покрене и на претстојниот Самит
Мицкоски истакна дека ставот на Владата е градење добри односи со сите соседи, но оти дека односите се двонасочна улица.
– Нашиот став како Влада е дека сакаме да имаме добри односи со соседите, дека сакаме да градиме мостови за соработка, дека тоа за нас е двонасочна улица. Досега претпоставувам, биле навикнати на еднонасочна улица, но сега сме ние политичари и Влада која што сака да водиме добрососедска двонасочна улица и така ќе продолжиме да се однесуваме – изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во Владата на настанот на кој ја најави новата германско-белгиска инвестиција.