More

    Од аеродромот во Брисел украдени речиси 300 илјади цигари, килограми канабис и левамизол

    spot_img

    Речиси 30 килограми канабис, 1.392 килограми тутун од наргиле, 75 килограми левамизол – средства за разредување на кокаин и повеќе од 269.000 цигари – толку непознати лица украле од главниот бриселски аеродром, објави белгиски HLN.

    Станува збор за запленета стока, која се чувала во добро обезбедениот магацин „Бручарго“ до кој се пристапува само со специјални пропусници, а кој веќе во мај бил мета на крадци.
    „Побаравме од бриселската аеродромска компанија, сопственик на зградата, да обезбеди дополнително обезбедување на хангарот“, вели Френсис Адинс од FPS Finance, компанија задолжена за царинска стока.
    Тој не сакаше да каже дали има знаци на насилно влегување во зградата.
    ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

    Ја чекаме судската истрага“, накратко додаде тој.
    На аеродромот велат дека наскоро ќе ја зголемат безбедноста со поставување дополнителни камери за надзор и дека станува збор за итна мерка.
    „Долгорочниот план е царинскиот магацин целосно да се реновира и тој проект веќе беше во фаза на реализација“, изјави портпаролката на бриселскиот аеродром Ихсане Чиуа Лехли.
    Во белгиското јавно обвинителство потврдија дека кражбата се случила, но не сакаат да откријат информации од истрагата
    „Имаше кражба во зградата „Бручарго“, поточно во царинскиот магацин каде се наоѓа запленетата стока. Истрагата е во полн ек“, изјави Ингрид Мориау од јавното обвинителство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img