More

    Потрошувачката цена на какаото и чоколадото во прав во Европската унија во мај била за 6,3% повисока отколку во истиот период минатата година

    spot_img

    Потрошувачката цена на какаото и чоколадото во прав во Европската унија во мај била за 6,3% повисока отколку во истиот период минатата година, објави денеска Евростат.

    Заводот за статистика на ЕУ наведува дека цените на овие два производа растат од почетокот на 2022 година, а значително зголемување е забележано во последниот квартал од таа година, со годишна стапка на инфлација од над 10%.

    Повеќето земји од Европската унија во мај 2024 година пријавиле зголемување на годишната стапка на инфлација на какаото и чоколадото во прав, а најголем раст во споредба со мај 2023 година е забележан во Естонија (17,4%), Хрватска (15,5%) и  во Австрија (12 %).

    Наспроти ова, две земји забележаа намалување на стапката на инфлација за наведените производи – Словачка (за 6,3%) и Кипар (0,3%).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img