More

    Во 21 век да покриваш граница со 49 лица е надвор од умот, вели Тошковски

    spot_img

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за контролата на границата со Грција и сè почестите илегални преминувања преминувања, кажа дека треба да се направи интегриран систем преку кој со помош на термални камери ќе се има контрола на границите.

    – Во 21 век со 49 души да покриваш 39 километри граница физички, со физичко трчање, за мене е надвор од умот. Кога може да поставиме термални камери, дронови, дури и хеликоптери да употребиме. Кога сето ова би било интегриран систем на управување, неважно каде би бил лоциран, каде што би работел во три смени, каде во основа на овие камери и дронови би се детектирал секој еден периметар, од конкретни позиции во рамки на постоечките бидат лоцирани мобилни екипи со нови возила, обучени кадри во соработка со Фронтекс би делувале на јужната граница, но и на другите граници, би можеле од внатрешноста да делуваме длабински, е тогаш ќе може да збориме за конторлирана граница, и дека имаме контрола и дека ја имаме фактичката состојба – изјави Тошковски во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img