Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, деновиве поминува незаборавни моменти на Ибица со својот сопруг Немања Гудељ и неговата сестра Вања Гудељ.
Анастасија и Немања неодамна склопија и граѓански брак, а сега уживаат во одморот, а кој таа го документира со видеа на својот инстаграм-профил.
Во неодамнешното видео, Анастасија го споделила моментот кога Немања управува со глисерот, покажувајќи колку се гордее со својот сопруг.
Ибица, позната по прекрасните плажи и ноќниот живот, стана совршена дестинација за вљубениот пар. Анастасија и Немања уживаат во сонцето, морето и луксузните возења со глисер, што јасно се гледа во нејзините приказни на Инстаграм кои ги воодушевија обожавателите. Овие моменти се посебни за младата брачна двојка која штотуку го започна заедничкиот живот.
Пред да отпатува на Ибица, Анастасија престојуваше во Германија со својата мајка Цеца Ражнатовиќ за да го бодрат Немања. Иако српската фудбалска репрезентација потфрли во натпреварувањето, мајката и ќерката уживаа заедно.