Како што беше најавено, актуелниот шампион во НБА, Бостон Селтикс, ќе потпише продолжување со својата најголема ѕвезда, 26-годишниот Џејсон Тејтум.
Според американските медиуми, Тејтум треба да потпише нов петгодишен договор со Селтикси вреден 314 милиони долари, со што би станал најплатен кошаркар во историјата.
Интересно, статусот на најплатен играч во НБА го имаше и членот на Бостон, Џејлен Браун, кој минатата година потпиша петгодишен договор вреден 304 милиони долари. По финалната серија со Длалас, Селтикси стигнаа до рекордната 18-та шампионска титула.
Минатата сезона Тејтум во лигата имаше просек од 26,9 поени, 8,1 скока и 4,9 асистенции, додека во плеј-офот имаше просек од 25 поени, 9,7 скока и 6,3 асистенции.