Познатата пејачка Камила Кабељо настапи на фестивалот „Гластонбери“, а нејзиниот бизарен перформанс се прошири на социјалните мрежи.
Пејачката настапила со танчари во костими кои ја мачкале со сладоледи по нејзиното тело, а сето тоа повеќе наликувало на сцена од филмови за возрасни отколку на музички настап.
Настапот на Камила предизвика поделени реакции – додека едни биле воодушевени, други се прашувале што гледаат.
„Зошто ја мачкаат со сладоледи?“, „Срам ми е да го гледам ова“, „Можам со сигурност да кажам дека Камила нема да добие нови обожаватели бидејќи што јас всушност гледам“, „Би сакал некој да може да ми покаже како изгледало моето лице во текот на воведната песна на Камила Кабељо на „Гластонбери“ бидејќи искрено, бев збунетa“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.
Да потсетиме, Камила Кабело неодамна ги изненади своите обожаватели со драстична промена на имиџот, откако својата долга црна коса, која беше нејзин заштитен знак, ја обои во платинесто руса нијанса.