Поранешната Мис Универзум Оливија Кулпо се омажи за ѕвездата на НФЛ Кристијан МекКафри.
Венчавката се одржа во Воч Хил, а Оливија за најубавиот ден избра венчаница од модното дизајнерско дуо „Долче и Габана“. Фотографии од неверојатната венчаница објави магазинот „Вог“.
„Кога размислувам за Кристијан и за тоа што тој сака, како и за моментите кога мисли дека сум најубава, тоа е апсолутно во вакво нешто: безвременска, покриена и елегантна. Сакав да изгледа едноставно и како да ми дава комплимент, а не да ме надминува. Има толку многу убавина и едноставност“, рекла Оливија за венчаницата.
Двојката е во врска од 2019 година, а се сврши во февруари минатата година. Свршувачката се обидоа да ја задржат во тајност.
„Се обидовме да го премолчиме ова што е можно подолго, но вестите брзо се шират. Се мажам за мојот најдобар пријател“, напиша тогаш Оливија на Инстаграм.
Инаку, пред пет години Оливија беше прогласена за најубава жена на светот од страна на магазинот „Максим“. Таа е една од најпознатите модни инфлуенсерки на Инстаграм, а нејзиниот профил има повеќе 5,5 милиони следбеници. Таа се натпреваруваше и на бројни избори за убавина.
По победата на изборот за Мис на Род Ајленд во САД, таа беше крунисана за Мис на САД, а потоа и за Мис Универзум за 2012 година.