More

    Мицкоски смета дека ХЕЦ „Чебрен“ треба да го гради државата

    spot_img

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека парите од Буџетот што ќе бидат наменети за општините ќе им бидат префрлени на локалните самоуправи откако тие ќе достават проекти и точно ќе се знае за кој проект, колку средства ќе бидат наменети.

    – Средствата ќе бидат префрлени до општините откако претходно општините ќе достават проекти на наменска сметка, нема да бидат префрлени на редовна сметка на општините за тие да ги користат за тековно работење – за плати или плаќање на стари долгови – изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по ставањето камен-темелник на нова градинка во општина Бутел.

    Тој најави дека многу скоро ребалансот на Буџетот ќе се најде во собраниска процедура и точно ќе се знае како и од која ставка ќе бидат обезбедени парите.

    – Имаме граѓани кои, за жал, во 21 век немаат вода за пиење во центарот на урбаните средини, да не зборувам за канализациски организирани средини, игралишта за најмладите, спортски или со детски играчки, улици, булевари, сѐ уште по кал се гази. Тоа се проектите што ќе бидат финансирани од оваа Влада – рече Мицкоски.

    Во однос на инвестицијата со ветерниот парк што ја презентираше на вториот ден од изборот на Владата, Мицкоски рече дека сѐ е согласно закон и дека земјиштето нема да се оттуѓи, туку ќе му биде дадено на располагање на инвеститорот.

    – Сѐ е по закон, никакви привилегии, никакви права и никакви обврски немаат граѓаните, ниту државата. Ние не бевме против Чебрен, туку бевме против процедурата со која што потенцијалниот инвеститор, би рекол, практично беше измамен од тендерската комисија којашто го имаше подготвено тој повик бидејќи едни биле условите на почеток, а други на крајот на таа процедура – рече Мицкоски.

    За изградбата на „Чебрен“, рече дека негов личен став е дека треба државата да има ваква акумулација и дека треба да се обезбедат средства и сами да го градиме овој објект.

    – И во предизборието кажавме и сега ќе кажам – треба да одлучиме дали „Чебрен“ сакаме како држава да го градиме и за тоа да земеме финансии или ќе бараме приватен инвеститор којшто ќе го изгради проектот од почеток до крај без какви било концесии коишто ќе дојдат од државна страна. Тоа е она кое што како држава треба да расчистиме и како Влада да го направиме. Длабоко сум убеден дека на Македонија и како држава ѝ е потребен уште еден резервоар за вода, односно да се изгради уште една акумулација што ќе биде потенцијален резервоар за вода, бидејќи имајќи ги предвид климатските промени и годините што следат, тоа ќе ни биде потребно за идните генерации – истакна Мицкоски.

    Реализацијата на овој проект, според Мицкоски, ќе обезбеди и дополнителен капацитет за наводнување на Тиквешкото Поле и туристички потенцијал односно изградба на викенд населби, хотели итн., коишто ќе можат да привлечат голем број туристи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img