Филипче вели дека партијата ќе дејствува како силна опозиција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Личните интереси настрана и одлуки што ќе бидат за општото добро на сите – членовите, граѓаните и државата, вети д-р Венко Филипче кој синоќа беше избран за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори.

– Многумина сакаат да го видат СДСМ клекнат и поразен. Се надеваат дека партијата нема да опстане и се ситат на изборниот пораз. Ветувам дека ќе го вратиме достоинството на партијата, а оние кои се надеваат на лоша иднина на партијата, длабоко ќе се разочараат – порача Филипче.

Тој вети дека ќе ја води партијата преку принципите од кои тој се води и во животот – заедништво, другарство, взаемна почит и отворена комуникација со сите.

– Како претседател ветувам дека нема да делам туку ќе обединувам. Ветувам дека ќе водам со пример и тоа ќе го барам од секого во партијата. Ветувам дека силно ќе се спротивставам на оние кои сакаат да ја ослабнат партијата на сметка на личниот интерес. Ветувам дека ќе го заштитам и слушнам секој член и секому ќе му дадам глас. Ветувам дека СДСМ ќе биде приземна, отворена и модерна партија подготвена за предизвиците кои следат – рече Филипче.

Тој истакна дека СДСМ ќе дејствува како силна опозиција којашто ќе се бори против лошите политики на власта и секогаш ќе биде гласот на разумот и на граѓанската волја која ќе биде заштитена доколку е погазена.

Зборувајќи за победата и неговиот избор за претседател на СДСМ, Филипче истакна дека тоа претставува огромна одговорност за него на која ќе одговори со професионализам, емпатија и грижа за луѓето.

– Сега е време за обнова на СДСМ и за многу работа. Малку имаме за славење. Следи период на реорганизација и реформа согласно моите програмски ветувања со кои сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува. Ова нема да биде ниту брзо ниту лесно. Но јас знам дека нема друг начин да ја вратиме довербата кај членовите освен да направиме вистински темелни промени – рече Филипче.

Share This Article