Речиси половина од жителите на Швајцарија имаат негативно мислење за одржувањето на „Евровизија“ вгодина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Речиси половина од жителите на Швајцарија имаат негативно мислење за одржувањето на „Евровизија“ вгодина, покажува анкетата објавена во весникот „Блик“ (Blick).

Испитувањето опфатило околу 25.000 луѓе. Од нив, 49 отсто се јасно или донекаде против одржувањето на музичкиот натпревар, додека 46 отсто се јасно или донекаде за. Околу пет отсто сѐ уште немаат став. Според „Блик“, ова можеби има врска и со тоа што Немо се идентификува како небинарно лице и ги претпочита заменките „they/them“ во англискиот јазик.

Но, Швајцарија секако ќе биде домаќин на музичкиот настан во 2025 година, благодарение на пејачот кој ја освои главната награда на овогодишниот натпревар во Малме, Шведска, со песната „The Code“ за родовите идентитети и нивната променливост.

Местото за следниот „Евросонг“ сè уште не е одредено… И Цирих и Женева се пријавија како домаќини, а швајцарскиот главен град Берн и Бил близу него понудија заедничка организација.

Победата на Немо предизвика дебата за воведување трет пол во Швајцарија.

Share This Article