Интернационална уметничка колонија „Дебрца“: во пресрет на 4 деценискиот јубилеј, богатата збирка, надополнета со триесетина нови дела

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

После десетдневно, активно ликовно создавање, заврши 39-та, по ред, Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “.
Годинава, на најстарата ваква манифестација кај нас, учествуваа 11 ликовни уметници, од Македонија, потоа, Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли (монголскиот конзул), како, и, тројца учесници, од Србија и двајца учесници од Црна Гора.
-Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ располагаше со најбогат фонд уметнички дела во земјава, над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценлив македонски придонес кон светското културно наследство. Кон нив, во пресрет на 4 деценискиот јубилеј – догодина, придодадени се уште триесетина, изработени оваа година. Истата претставуваше едно ново искуство со други учесници кои за колонијата оставија извонредни дела. Јас се надевам на повторна средба со истите , бидејќи не само што имав прилика да уживам во тие дела, туку и да создадам незаборавни спомени со толку прекрасни личности, се обрати, на крајот, претседателката на Здружението “Ликовна колонија – Дебрца”, магистер инжињер – архитект, Мартина Целеска.

Share This Article