Денеска беше извршена ждрепката за првото коло на Вимблдон и веќе е сигурно дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на овој грен-слем турнир.
Прв противник на Ѓоковиќ ќе му биде 27-годишниот чешки тенисер Вит Коприва. Тој во моментов е на 123. место на АТП листата.
Прв сериозен тест за Ѓоковиќ би бил во четвртото коло кога за противник би можел да има некој од Руне и Качанов. Во четвртфиналето ако нема изненадувања би добил некој од Хуркач, Де Минор и Алиасим, а во полуфиналето некој од Зверев, Рубљов или Циципас.
Турнирот се игра од 1. до 14. јули.