Австралија повлече два вида гумени бонбони од печурки откако неколку лица беа хоспитализирани со „вознемирувачки халуцинации“ и повраќање.
Станува збор за бонбоните Cordyceps и Lion’s Mane на познатиот бренд „Uncle Frog“.
Властите ги предупредуваат граѓаните дека овие бонбони не треба да ги користат бидејќи некои од потрошувачите кои ги користеле „доживеале неочекувана токсичност“. Меѓу симптомите се и напади, анксиозност, поспаност или губење на свеста и забрзано чукање на срцето.
Властите истражуваат што точно во овие производи ги предизвикало овие непријатни симптоми.
Владата објави дека неодамна тинејџер бил пронајден во несвест откако проголтал неколку бонбони. Нему му беше дадена терапија и сега состојбата му се подобрува.
– Во тек се истраги за тоа што содржат овие производи. Силно препорачуваме луѓето да не ги консумираат – изјави вчера медицинскиот директор на Информативниот центар на Нов Јужен Велс, д-р Дарен Робертс.
Веб-страницата на „Uncle Frog“, која е привремено затворена, претходно нудеше „специјално формулирани“ гуми за џвакање дизајнирани за „подобрување на целокупната благосостојба“.