Три месеци по исчезнувањето на Данка Илиќ во Бањско поле кај Бор, Дејан Драгијевиќ, првоосомничен за убиството на девојчето, побара повторно да сведочи.
Работниците на „Водовод“, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ се во притвор, а Јанковиќ неодамна го негираше делото за кое е обвинет, додека Драгијевиќ прво го призна делото и детално опиша дека го задавил девојчето.
За овој случај, како што објавија медиумите, се појавиле нови сведоци, а експертите откриваат дали тоа може да значи и решавање на случајот.
Милош Илиќ , таткото на Данка ја коментираше оваа ситуација за српска „Република“ :
– Утрово прочитав дека еден од нив побарал повторно да даде изјава. Да не беа виновни веднаш ќе кажеа, а не да чекаат три месеци, ако имаат нешто човечко во себе нека кажат, на крај адвокатот го учи што да прави. Се надевам дека сè ќе биде откриено многу брзо! – изјави Илиќ.
Илиќ нагласи и дека нема нови сознанија за истрагата и дека сè уште не добиле нови информации.
Правната рамка за покренување обвинение за случајот е шест месеци, а веќе изминаа три од исчезнувањето на малата Данка.