More

    Зеленски неочекувано ги посети војниците во Донецк за да им го зајакне моралот

    spot_img

    Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, дојде во ненајавена посета на регионот Донецк во источна Украина за да го зајакне моралот меѓу војниците, во услови на континуиран напредок на руските сили, објави британски Гардијан.

    Зеленски сними видео обраќање во Покровск, град со предвоено население од околу 61.000 луѓе, кој ги доживеа некои од најинтензивните борби за време на 28-месечната целосна инвазија на Русија.

    Претседателот патуваше заедно со бригадниот генерал Андриј Хнатов, новоименуваниот командант на здружените сили. На почетокот на оваа недела, Хнатов го замени генералот кој беше обвинет од некои војници дека предизвикал значителни жртви во војната со Русија.

    – Во регионот Донецк одржав детален состанок на кој разговаравме за безбедноста и за поддршката за народот. Се осврнавме на многу прашања, вклучително и на обезбедувањете основни услуги како вода, евакуација, помош на одбраната, реставрација на домови, а разговаравме и за разни социјални прашања – рече Зеленски.

    Посетата на претседателот на Покровск се случи 2 дена откако градот беше погоден од руски ракетен напад во кој 2 проектила го погодија истото место на растојание од половина час и во кој загинаа најмалку 5 лица, а беа ранети уште 41 лице.

    Додека одлуките на Западот да ѝ дозволи на Украина да ја нападне руската територија со своето оружје го запреа туркањето на Русија долж североисточниот фронт во близина на Харков, Москва останува во офанзива на исток.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img