Момчето на Тејлор Свифт проговори за врската со мегаѕвездата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Спортистот Тревис Келси и пејачката Тејлор Свифт не сакаат да зборуваат за својот приватен живот. Сепак, фудбалерот сега во поткастот „Bussin’ With The Boys“ откри кога се вљубил во Тејлор и како е да се биде во врска со неа.

„Сакам да ги задржам работите приватни, но во исто време не сум тука да кријам ништо. Тоа е моја девојка. Мојата дама. Јас сум горд на тоа. Само не сакам секого да пуштам во мојот приватен живот и да им дадам можност да коментираат за тоа, знаејќи дека сè што таа прави ќе заврши на насловните страници“, рекол тој.

„Таа е многу самосвесна. Таа ги разбира тие ситуации. И мислам дека затоа навистина почнав силно да се вљубувам во неа. Таа е толку искрена со пријателите и семејството. Навистина ѝ се восхитуваМ,“, рекол Келси за „Барстул спортс“.

Келси тогаш се сетил на првиот натпревар на кој присуствувала Тејлор и бил воодушевен што таа немала безбедносни барања поради нејзината голема популарност, туку сакала да го гледа натпреварот со сите.

„Навистина ме освои со тоа.“

Двајцата ја потврдија својата романса во октомври 2023 година, кога излегоа држејќи се за рака.

„Никој не знаеше што се случува. Некако го задржавме меѓу нас колку што можевме. Но, кога таа дојде на натпреварот, тоа очигледно тргна од таму.“

ФОТО: Tanjug/AP Photo/John Locher

Share This Article